Израел контролира 75 отсто од тампон зоната долж границата меѓу Појасот Газа и Египет, вели кабинетот на Нетанјаху

Израелската војска контролира 75 отсто од тампон зоната долж границата меѓу Појасот Газа и Египет, изјави Цачи Ханегби, советник за национална безбедност на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

-Во внатрешноста на Појасот Газа израелските одбранбени сили (ИДФ) веќе контролираат над 75 отсто од коридорот и верувам дека со текот на времето ќе го контролираат целиот. Заедно со Египќаните мораме да се погрижиме да се спречи шверцот со оружје, изјави тој за израелската телевизија.

Ханегби додаде дека очекува борбите во Појасот Газа да продолжат барем до крајот на 2024 година.

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант
- Реклама -