2015 се покажа возбудлива година за автомобилскиот свет – од дизел кризата во која западна Volkswagen до скандалите во Top Gear кои доведоа до разделба на шоуто со Џереми Кларксон и екипата.
Списанието Car ги собра во интересна селекција десетте најголеми изненадувања на годината. Да видиме дали критериумите ни се совпаѓаат со оние на каприциозните Британци.
Контрола врз возилото со гестови
Секој гестикулира додека вози, но BMW се покажа првата компанија која најде начин да се искористи корисно гестикулирањето зад воланот. Само со гест може да ја контролирате јачината на музиката или да го командувате телефонот.
И Rolls-Royce подлегна на SUV опсесијата
Во 2018 традициите веќе нема да се она што беа. Засега сме само на фаза изненадување – Rolls-Royce исто така, планира да претстави SUV модел. Се очекува оваа одлука да обезбеди рекорден раст на производството во британската компанија. Така Rolls-Royce веќе нема да е толку ексклузивна марка како Ferrari, но исто така ќе заработува многу пари.
Несвестица на шефот на BMW
Несвестицата на новиот шеф на BMW Харалд Кругер додека држеше говор за време на автомобилскиот салон во Франкфурт беше сензационална вест во септември. Се испостави дека 49-годишниот Кругер едноставно бил преуморен, а малку потоа компанијата официјално објави дека тој е во одлична здравствена состојба.
Mazda се враќа кон ротационен мотор
RX-Vision ја враќа Mazda на патот за развојот на ротационен мотор, а концептот беше една од големите ѕвезди на салонот во Токио. Шефовите на Mazda изјавија дека ако се откажат од роторната технологија, компанијата ќе исчезне. Фановите на Mazda 6 сепак не им веруваат.
Концептуални автомобили во филм за Бонд
Според легендата, режисерот на “Спектар” Сем Мендес видел скица на идниот прототип на Aston Martin и побарал колата да учествува во филмот. Британската компанија му обезбеди DB10 – за ноќното гонење во Рим. Одговорот на Jaguar беше дека C-X75 е повеќе од импресивен.
Hyundai веќе има премиум бренд
Големите автомобилски компании влегуваат во нови територии и Hyundai не е исклучок – Корејците ќе се борат со Mercedes и BMW со луксузниот бренд Genesis. Се претпоставува дека главниот пазар на новата марка ќе е бидат главно Америка и Кина.
Пилот од Формула 1 победи во Ле Ман
Нико Хулкенберг запиша возбудлива страница во историјата на мотоспортот, откако освои “24 часа Ле Ман” во своето деби во ова натпреварување со Porsche 919 Hybrid, а заедно со него крај на победничката серија на Audi ставија Ник Танди и Ерл Бамбер.
Падот на Фердинанд Пиех
По 43 години во Audi и VW во април Фердинанд излезе надвор од компанијата, која што беше поентата на неговиот живот. Пиех ја потцени силата на Мартин Винтеркорн и ја загуби битката во надзорниот одбор, како и онаа за довербата на акционерите. Винтеркорн сепак не успеа долго да се порадува на успехот.
Неуспехот на Volkswagen
“Дизелгејт” се покажа падот на VW – компанијата беше запленета дека мами на тестовите за штетни гасови во САД, а потоа скандалот доби светски размери со вкупно над 11 милиони автомобили опремени со систем за манипулирање на резултатите при тестирањата. Така на крајот на 2015 VW стана симбол на нелојален однос кон клиентите и скандалозни измами при тестовите за емисии.
Top Gear без Кларксон
Последниот скандал на Џереми Кларксон го чинеше работата во Top Gear, откако претепа еден од асистент-продуцентите. ВВС немаше друг избор освен да го суспендира водителот, па сега неговите фанови го очекуваат новото шоу под капата на Amazon.