Млади ентузијасти во Германија создале проект кој е сврзан најмногу со луѓето кои учат странски јазик и со оние кои прават многу правописни грешки.
Пенкалото, наречено Lernstift, работи со помош на оперативниот систем Linux и со него можете да се вратите на стариот добар начин на пишување – на хартија. Доколку згрешите ли некој збор, уредот ќе извибрира во вашите раце.
Засега уредот работи само на германски и англиски јазик, но се очекува дека кога ќе се соберат доволно финансиски средства, проектот ќе стартува и на многу други јазици.
Но како работи сето тоа? Практично пенкалото не работи самостојно. Тоа користи инсталиран софтвер на вашиот паметен телефон, кој во реално време го пренесува она што пишувате на хартија. Таму се проверува вашиот правопис и ако има грешка – од уредот во вашите раце ќе се огласи звучен сигнал.
Работата со паметен телефон води и до некои дополнителни предности. Со него лесно можете да ги дуплирате белешките кои ги пишувате на хартија, а и ако згрешите нешто или не знаете како се пишува навистина – можете едноставно да погледнете на екранот на вашиот телефон.
Цената на уредот за сега е 90 $
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk