И изминатото деноноќие високи концентрации на ПМ10 и ПМ2,5

Најголеми концентрации на честичките ПМ2,5 покажале мерните инструменти во Центар, Карпош, Битола и Куманово, додека пак во Тетово е покажано ниско ниво на истите честички.

Концентрацијата на ПМ10 честички, пак, е најголема во Центар, Карпош, Лисиче и Гази Баба, но и во Тетово.

Мерните станици секојдневно регистрираат концентрации на овие штетни честички и по неколкупати поголеми од толерираниот минимум којшто изнесува 50 микрограми на метар кубен воздух.

Прочитајте и:  „Св. Ѓорги“ и Јени џамија, од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство
- Реклама -