Од постот на една жена на која ѝ е прекурчено. Отвараме цитат:
Неодамна додека кукав околу фактот дека правам апсолутно сé низ куќата, со куп пријатели околу мене што климаа во стилот „Во право си, царице! Кажи им!“, некој ми рече: „ако сакаш помош треба да бидеш конкретна… побарај ја. На луѓето им требаат листи, списоци, не читаат мисли“.
Па го пробав тоа, да барам… конкретни ствари…
„Можеш да го фрлиш ѓубрето надвор?“
„Можеш да станеш сабајле со децата? Малку сум уморна после сите овие 329 години правејќи го тоа…“
„Можеш да одиш до маркет? Јас веќе исправ 3 машини облека, направив доручек, ручек, ги собрав сите школски книги за децата, ги исчистив тие срањата што пловеа во барата во дворот…“
И да, пријателката беше во право… Работите почнаа да се завршуваат.
Но јас бев истоштена, постојано мислејќи на сé што треба да побарам да биде направено, и постојано попувајќи да биде направено…
И знаете што се случи истата минута кога престанав да барам?
НИШТО. Повторно.
И така дојдов до заклучокот дека не е твоја работа да бараш помош, не е моја работа да пишувам ебени списоци… Ние (жените) веќе имаме доволно проклети обврски, а допрва да подучувам некого како треба да има обзири кон мене и купот мои задолженија – не е една од нив.
Едноставно правете. Сработете. Мислете еден на друг, и на сé што треба за да функционира проклетата куќа.
Еден од вас работи додека другиот седи со нозете во вис?
Еден од вас виси со друштво додека другиот го лупи 30-тото парче овошје за децата во денот?
Само еден од вас го носи целиот товар?
Зашто кога попувањето ќе запре, кога барањето помош ќе замре, кога веќе ќе нема списоци…
Сé што ти останува е тивок гнев и огорченост. А тоа, пријатели мои, е рак за врската…
Не е нечија туѓа задача да те учи да имаш обзири и разбирање кон другите. Тоа е твоја работа.
Само измијте ги ебените садови без да ве прашаат одвреме навреме, ебаве.