Во Музеј на град Скопје ќе биде отворена изложба на Галерија Јустина и Родољуб Анастасов по повод 13-ти Ноември…
Изложбата е составена од два дела – цртежи кои за тема ги имаат мотивите од НОБ и цртежите од серијата дела на Анастасов именувана како „Енформелска лабораторија“. Тоа се две серии цртежи кои потекнуваат од различни фази на уметникот.
Цртежите од „Енформелска лабораторија“ се создавани во периодот од крајот на педесеттите до средината на шеесеттите години од 20-ти век а малата серија цртежи со мотиви од НОБ е работена во 1966 и 1976 година.
– Сакавме несигурноста на човековата телесност и сите стравови предизвикани од неа (цртежите од „Енформелска лабораторија“) да ја контрапонктираме со метафората за херојската борба (цртежите со тема од НОБ) на оние кои ви тоа скудно и опасно време се осмелиле да се борат со силите на темнината, велат од Галерија Јустина и Родољуб Анастасов.
Изложбата ќе биде отворена во петок, 13 ноември, во 19 часот.