— Отворена е патувачка фотоизложба посветена на балканскиот рис, по успешните седум претходни поставки во земјата. Скопската публика ќе има можност да ја види во културниот простор „Лабораториум“. Овој настан е организиран од Македонското еколошко друштво (МЕД) и има за цел да го приближи балканскиот рис до јавноста, како и да ја подигне свеста за важноста на заштитата на овој критично загрозен подвид. …




