Од 3 до 7 март во рамките на Московското меѓународно биенале кое се одржува по осми пат ќе биде отворена изложба на фотографиите кои се прогласени за најсензуални.
На изложбата, која го носи името „Убавината на 21. век. Мажи и жени – мечти“ фотографката Надин Барт ќе ја презентира колекцијата на најдобрите фотографии од познатите светски модни фотографи.
Пред нивните објективи се најдоа Анџелина Џоли, Шерон Стоун, Џорџ Клуни, Бред Пит, Одри Тоту, Амбер Валета и многу други селебрити личности.
Дали токму тие се најубавите и најсексуалните луѓе на планетата или станува збор за успешни фотографии на кои е доловен токму тој интимен момент проценете сами од фотографиите подолу кои ќе бидат изложени во московскиот музеј.