Изложба на фотографии на Никола Јовановиќ во КИЦ Скопје

На 23 јули во 20 часот во Културно информативниот центар Скопје ќе биде отворена изложбата на фотографии на Никола Јовановиќ.

Изложбата се состои од 20 црно-бели фотографии на кои се прикажани портрети и сцени од музичкиот свет кои досега не биле објавени. Оваа изложба дава можност фотографиите да бидат прикажани во јавност. Фотографиите се снимени во периодот 2023 до 2024 година на различни локации и секоја од нив раскажува некоја своја приказна.

- Реклама -