Изложба „Интервали“ на Татјана Винона Јанеска

На 5 јули во 19.30 часот во Ликовната галерија Марко Цепенков, ќе биде отворена изложбата „Интервали“, инсталација од Татјана Винона Јанеска.

Ова и е втора самостојна изложба на Јанеска во родниот Прилеп, а ги истражува лиминалните простори меѓу моментите.

Преку динамичен спој на дела од хартија, слики, иснталација и видео, оваа мултидисциплинарна изложба се стреми да понуди подлабоко размислување за интервалите како спојници на просторот и времето.

Со поетски став Интервали отвора прашања за разоткривањето на скриените врски, ритми, транзиторни моменти и простори што ја обликуваат нашата перцепција – вели уметницата.

Татјана Винона Јонеска е уметник кој живее и работи во Лондон. Магистрирала на престижниот Кралски колеџ за уметност / Royal College of Art London, во одделот современа уметничка пракса – критичка практика. Пред тоа студирала на подеднакво престижниот колеџ за уметности во Chelsea College of Arts – Универзитетот за уметности во Лондон, каде што ја завршила својата диплома по ликовна уметност со почести од 1-вa класa.

Прочитајте и:  Изложба на фотографии од личната колекција на царското семејство Романови

Винона има мултидисциплинарна практика водена од екстензивно теоретско истражување и експериментирање, што формално се занимава со прашања околу перцепција, истражување за тоа како се среќаваме со просторот и како ја доживуваме темпоралноста. Учествувала на бројни групни изложби во Обединетото Кралство и на меѓународно ниво.

- Реклама -