Изложба „Брашнар Отворено Студио“ на Уметничката резиденција за престој на меѓународни уметници и писатели

Утре од 19:00 до 24:00 часот на ул.Панко Брашнаров бр.17 во населбата Хром, ќе биде отворена изложбата „Брашнар Отворено Студио“.

Изложбата е во организација на „БРAШНАР“, Уметничката резиденција за престој на меѓународни уметници и писатели.

Гости на изложбата се Aди Романски од Полска, МАдисон Мулен од САД и Анкица Митровска.

Учесниците во меѓународната програмата за престој на уметници и пистаели БРАШНАР на денoт на изложбата ќе ги отворат атељињата и ќе ги претстават своите дела креирани за време на едно-месечениот престој во населба Хром (Ѓорче Петров) воедно инспирирани од локалната култура и средина.

Прочитајте и:  „Човек муза“ - едукативната изложба за можностите на вештачката интелигенција
- Реклама -