90-та изложба на Art Directors Club – New York и 9-та изложба на ADC Young Guns во Скопје

90-тата ADC патувачка изложба која вклучува 70-на принтови од наградените дела ќе биде поставена во Куршумли Ан како гостинска изложба на Неделата на дизајн во Скопје.

Меѓу наградените, во 238 категории оваа година се најдоа и дизајните на Тојота, Њујорк Тајмс, Кока-Кола, FedEx, Мајкрософт, AT&T и други важни корпорации.

ADC – Art Directors Club е непрофитна членска институција со седиште во Њујорк, САД, која од 1920-та година до денес распишува светски конкурс за избор на креативни решенија кои ги идентификуваат и слават најдобрите дизјан решенија во тековната година.

Бројот на категории кои се распишуваат е 238, меѓу другото, печатени и електронски медиуми, графички дизајн, амбалажа, фотографија и илустрација, а исто така и студентски дела. Победниците се претставуваат на свечениот настан во април во Њујорк. Наградените, потоа се дел од патувачката изложба, што се презентира во Северна Америка, Европа, Азија и Јужна Америка.

Јана Ацевска е официјален претставник на ADC за Македонија, која со поддршка на AmCham – Американската стопанска комора во Македонија и Американската амбасада во Скопје, како и маркетинг агенциите Публицис, МекКен, Овејшн и Футура 2/2, ја подготвува патувачката изложба на ADC.

Изложбата на ADC – Art Directors Club која ќе биде поставена во Куршумли Ан од 4-10 септември е 90-та по ред на светско ниво, што ја прави ADC една од најстарите професионални институции во светот од областа на графичкиот дизјн.

Во исто време ќе биде проектирана и дигитална верзија на наградените дела од 9-тото издание на програмата ADC Young Guns, конкурс за млади автори до 30 г.

90-тата ADC патувачка изложба ги опфаќа наградените со злато, сребро и бронза, кои беа избрани од интернационалното жири помеѓу илјадници пристигнати пријави од целиот свет. Изложените дела во различни содржински и концептуални рамки се одзиваат на многу феномени од современиот урбан простор во широко географско подрачје.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Во визуелен контекст претставените наградени дела се приказ на пошироката меѓународна продукција, бидејќи се соработка на различни светски дизајнери, рекламни агенции, дизајн студија и образовни институции, како и различни клиенти – корпорации, компании, невладини организации, истражувачки институции и други.

Делата се во форма на аудиовизуелни дела, но и уметнички креации, бидејќи во својата појавност изложбата нуди поширок контекст на современата култура и уметност. Во исто време јубилејната 90-та патувачка изложба на ADC ја претставува праксата на високо-квалитетни продукции во светски рамки.

Изложбениот материјал по завршувањето на изложбата ќе биде дониран на една од високо образовните институции за дизајн во Скопје.

За времетраењето на 90-та патувачка изложба на ADC предавање  ќе одржи г-дин Едуард Чеховин, професор на Академијата за дизајн во Љубљана, а воедно и доботник на престижната награда на ADC – Art Directors Club. Предавањето и работилницата ќе бидат наменети на професионалната и пошироката јавност.

Едуард Чеховин, дипломирал графичка комуникација и типографија на отсекот за графички дизајн на факултетот за применета уметност во Белград. Добитник е на повеќе од 50 престижни меѓународни награди како што се: Type Directors Club Award, Art Directors Club Award, Good Design Award, Graphis Award, USA; D&AD, UK итн.

Неговите трудови се објавени во сите големи меѓународни публикации за графички дизајн  како што се : Graphis, Communications Arts, Print, HOW, Visible Language, Typo Directors Club Annual, Art Directors Club Annual, USA; Linea Grafica, Italy; Novum, Germany; Etapes, France, итнЧлен е на  Friends of Icograda  – International Council of Graphic Design Associations; ADC  – Art Directors Club New York, USA; D&AD, UK член на TDC – Type Directors Club New York, USA

Предавањето и работилницата ќе се одржат на 08.09.2012 во Куршумли Ан како дел од програмата на Skopje Design Week.

- Реклама -