Излезноста до 15 часот е 31.77%, над 575 илјади граѓани го оствариле своето право на глас

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) објавени на веб платформата rezultati.sec.mk, до 15 часот, од обработени 99.67% од гласачите (1.808.282 од вкупно 1.814.263), односно 3.435 од 3.480 гласачки места, на гласање излегле 576.395 граѓани, односно 31.77% од избирачите.

Во Изборна единица 1 излезноста е 34.51%, односно гласале 106.711 граѓани.

Во Изборна едицина 2 излезноста е 29.96%, односно гласале 95.832 граѓани.

Во Изборна едицина 3 излезноста е 37.24%. Гласале 103.710 граѓани.

Во Изборна единица 4 излезноста е 35.51%. Гласале 100.314 граѓани.

Во Изборна единица 5 излезноста е 31.50%. Гласале 99.067 граѓани.

Во Изборна единица 6 излезноста е 22.85%, односно
гласале 70.761 граѓани.

- Реклама -