Излезноста до 11 часот е 15.25%, најмала е во ИЕ6

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) објавени на веб платформата rezultati.sec.mk, до 11 часот, од обработени 96.6% од гласачите (1.752.731 од вкупно 1.814.263), односно 3.284 од 3.480 гласачки места, на гласање излегле 276.607 граѓани, односно 15.25% од избирачите.

Во Изборна единица 1 излезноста е 17.47%.

Во Изборна едицина 2 излезноста е 14.17%.

Во Изборна едицина 3 излезноста е 17.81%.

Во Изборна единица 4 излезноста е 18.56%.

Во Изборна единица 5 излезноста е 14.81%.

Во Изборна единица 6 излезноста е 9.26%.

- Реклама -