Излезе Ubuntu 7.10

ubuntuchildrenUbuntu е линукс оперативен систем ориентиран за десктоп компјутери и
денес се смета како најголемата алтернатива на Windows XP и Vista.
Ubuntu е африкански збор со неколку значења: хуманост кон сите, јас сум
она што сум поради тоа што сме сите ние
и слично. Овој бесплатен ОС акцентот
го става на заедницата и бесплатната дистрибуција на софтвер кој можете
да го нарачате и дома преку пошта. Во канцелариите на 365.com.mk ова е
оперативниот систем на кој работиме од самиот почеток. Со негово
инсталирање добивате двојно бутирање на стартот, што ви дава опција да
изберете Windows или Ubuntu. Бесплатен е и ќе ви стигне ЦД дома –
пробајте го, немате што да загубите.


ubuntu_logoUbuntu е линукс оперативен систем ориентиран за десктоп компјутери и денес се смета како најголемата алтернатива на Windows XP и Vista. Ubuntu е африкански збор со неколку значења: хуманост кон сите, јас сум она што сум поради тоа што сме сите ние и слично. Овој бесплатен ОС акцентот го става на заедницата и бесплатната дистрибуција на софтвер кој можете да го нарачате и дома преку пошта. Во канцелариите на 365.com.mk ова е оперативниот систем на кој работиме од самиот почеток. Со негово инсталирање добивате двојно бутирање на стартот, што ви дава опција да изберете Windows или Ubuntu. Бесплатен е и ќе ви стигне ЦД дома – пробајте го, немате што да загубите.

Ubuntu доаѓа со многу интегрирани програми како Gimp(замена за Photoshop), OpenOffice(бесплатен Office пакет), автоматски апдејти на системот и сите програми(нема веќе преземање и рачно инсталирање), заштита од вируси(заборавете ги сите Windows црви) и многу повеќе.

Ако се наоѓате во оваа Убунту филозофија која полека го освојува светот и навлегува во компјутерите на сите оние што сакаат да добијат максимални перформанси (работи на 256 RAM), тогаш преземете го пакетот за инсталација и снимете го на ЦД тука.

За сите оние со постари и спори компјутери – Xubuntu – полесна варијанта на Ubuntu која работи и на машини со 64 RAM!

[[Ubuntu_(Linux_distribution)|Ubuntu на Википедија]]

- Реклама -