Излезе Google Health, сервис за само-дијагноза

google-health.jpg Многу луѓе пребаруваат на интернет за дијагноза кога имаат проблеми со здравјето, а бараат и лекови, доктори, болници… Google ги соедини сите овие информации во нов сервис наречен Google Health. Тука може да ги внесете вашата здравствена состојба, алергиите, лековите, резултатите од тестови, како и здравствени картони. За да се логирате, ќе ви биде потребна Google сметка, која понатаму важи за сите нивни сервиси. На крај, ви посакуваме да го користите овој сајт што помалку. Со здравје! [Google Health]

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите
- Реклама -