Излезе долгоочекуваниот трејлер за македонскиот филм „Децата на сонцето“

Големи очекувања и трејлер што ветува…

„Деца на сонцето“ е филм на Антонио Митриќески, чија што премиера ќе се одржи во септември.

Се работи за љубовна драма, која е снимана на  Преспанското езеро, во Битола и Скопје.

Во фокусот на приказната се наоѓа едно македонско семејство кое живее на работ на егзистенција.

Главните ликови во филмот ги играат: Кире Ѓоревски и Ивана Павлаковиќ, Владо Јовановски, Милица Стојанова, Мето Јовановски, Билјана Танески, Ѓорѓи Јолевски, Сашко Коцев, Камка Тоциновски и други.

Музиката за филмот е на  Влатко Стефановски.

Директор на фотографија е Јарослав Шода од Полска, а монтажата е на Андрија Зафрановиќ од Хрватска.

- Реклама -