Неколку глувци биле слепи но сега можат да гледаат, според напредокот на истражувачи од UC Berkley. Процедурата која го овозможило ова би можела да биде применлива и кај луѓе.
Постојат две главни причини за слепило – ретинитис пигментоса, генетска причина, и макуларна дегенерација, предизвикана од старост и од која најверојатно страда вашата баба. Двете болести се поврзани во тоа што фоторецепторите изумираат.
Глувците биле создадени на начин на кој нивните фоторецептори ќе умрат набрзо по раѓањето, по што глувците го добиле својот вид по добивање на доза од хемикалија позната како AAQ. А како AAQ им овозможува на клетките да реагираат на светлина?
AAQ се поврзува со протеинските јонски канали на површината на клетките во окото. Кога ќе биде „вклучена“ со помош на светлина AAQ го менува протокот на јони низ овие канали и ги активира невроните на сличен начин како и кога фоторецепторите реагираат на светлина.
Истражувачите познале дека животните гледаат бидејќи кога била вклучена светилка тие се повлекле. Најветувачкиот дел од оваа вест е што видот бил вратен без користење на гени од други животни, како на пример преку матични клетки. Тоа значи дека окото не е трајно изменето со што процедурата станува помалку ризична.
Тимот сега работи на посилна верзија наменета за луѓе. Што значи, наскоро вашата 87 годишна баба ќе може да ги фрли дебелите очила од кои зависи. [Chemical makes blind mice see; compound holds promise for treating humans]