Изјава од сведок за несреќата предизвикана од страна на Драган Спасов – Дац

Ви ја приложуваме изјавата, која денеска ни стаса на меил. (Без никаква интервенција)

До јавноста, по повод обраќањето од Драган Спасов Дац на својот профил на фб вчера,

Здраво,

Ова немав намера да го правам, меѓутоа читајќи ја изјавата на Драган Спасов Дац вчера а воедно и коментарите на неговиот профил каде се величи човекот, изреволриран сакам да го изјавам следново:

На 30ти јануари јас бев на лице место на несреќата. Ништо што стои во изјавата на Драган Спасов Дац (ДСД) не е точно. Мора да знаат сите за каков човек се работи и што тој човек презеде на лице место.

 

Како прво

По ударот, ДСД стоел 5-7 мин без да ја праша девојката ништо, гледајќи ја како се клати и плаче и вришти од стрес и шок, и во тој момент јас доаѓам на лице место каде веќе имаше други сведоци;

Кога јас дојдов, девојката плачеше, шокирана, имаше други 3-ца сведоци на лице место кои ја смируваа и проверуваа да не е сериозно повредена, крв, бидејќи беше во состојба на шок;

ДСД цели 10-12 мин од моето доаѓање на лице место на триаголникот кај Шампионче не проговори ништо, не ја праша девојката ништо, не понуди помош, не се заангажира да пружи рака да види што направил;

ДСД не можеше да стои на нозе. Ниту да седи. Буквално. Се клатеше лево десно; Првин сакаше да замине д’ткајќи дека ништо не се случило, ништо немало а се уште не беше ја прашал девојката дали е во ред; Мирисаше на алкохол насекаде околу него; чудно како отстоја цело време;

ДСД после 12-тина минути проговори, смрдејќи уште на алкохол велејќи, со д’ткање: “Ама ви се моооолам, ввии се мооолам, даајте да се рааазбереемее и да одиме”; несвесен за последиците кои го очекуваат;

Во меѓувреме се уште не беше ја прашал девојката дали е здрава, добра – 30-тина мин од ударот, во момент пред да дојде Увидна;

ДСД рече: “зааашшшшто поооолицццииија кога ннннееема нишшшто на хааауба”алудирајќи дека немало докази, кога неговото БМВ беше метар во триаголник а два метра на пешачки;

На хаубата на неговото БМВ имаше отпечатоци од левата рака на девојката која го ублажила ударот – фала Богу;

ДСД се уште бараше начин да не се шири ситуацијата и дека немало докази, наведнувајќи глава на сведоците околу кои велеа дека е пијан до немајкаде; за да спои една реченица од 7-8 збора му требаа околу 2-3 мин;

ДСД ја помести колата иако му беше кажано да не го прави тоа додека не дојде Увидна;

На барање да покаже лична карта од Увидна екипа, ДСД вади членска од ЈУСК од Сити Мол – тоа сигурно не е последица на едната чашка алкохол;

ДСД не можеше да седне на седиште од што беше пијан;

ДСД дувна 2,35 (Увидна, ПС Лисиче) а не една чашка на минута пред ударот а Увидна сигурно и крв провериле јер го пратија во Болница (немам инфо);

ДСД замина во болница (веројатно за крв да дава*) и да се моли на девојката дури 3-4 саати од ударот; Веројатно му било јасно што направил;

ДСД на лекарите им вели, пред сведоци; “ајде бе ништо не и е”.

ДСД има телефонски број од фамилијата, од информациите кои јас ги имам, уште не се јавил да види дали девојката е добра;

На семејството им се јавиле други сведоци кои го виделе ДСД во Дебар Маало во кафани дента кај 16:00 часот;

Девојката има лекарско уверение за повреди, набиена нога, изместен колк, вртоглавица, несвестица (лекарско заведено во МВР); – а не е апсолутно неповредена според изјавата на ДСД на неговиот ФБ профил;

Многу сум изреволтиран зашто ДСД се велича како да е спасителот пратен да не избави од зло. ДСД е татко на две деца, вози со 2,35 промили во крв и удира пешак на триаголник и на пешачки. Неговиот пост на ФБ не соодветствува со реалноста. Не ме интересира на која функција е, тука за друго се работи, за човечки животи. Пијан да возиш е криминал, камо ли со 2,35, згора на тоа да удриш пешак во пешачка зона.

ДСД треба да се направи пример за сите шофери а не пример за доблест и чесност.

Решив да истапам во јавност од проста причина во иднина најстрого да се превенираат вакви однесувања, сите се родители, имаме деца, најблиски кои што секојдневно се дел од сообраќајот.

За човечноста и доблеста на ДСД, воопшто немам намера да коментирам.

О.М.Е.

Моите контакт информации не се тајни.

 

- Реклама -