Една од побезвезните несреќи што можат да му се случат на брачен пар со веќе проверен стаж, им се случило и на Дејан и Моника пред едно 5 години на плажата Акапулко во Охрид. Во таа глупа 2013-та, Дејан и Моника останале без еден од своите венчални прстени.
Една од посреќните околности што можат да му се случат на еден брачен пар во ситуација како нивната, е венчалните прстени да се гравирани со нивните имиња и датумот на венчавката, но и прстенот да биде најден токму од малата Георгина, која со сета своја детска невиност била пресреќна и од самата помисла прстенот да им биде вратен на вистинските сопственици. Е да, и тоа исто така им се случи на Дејан и Моника.
Пет години подоцна, благодарение на Биби Ставреска (мајката на Георгина), останатите добронамерници на социјалните мрежи ги здружија силите и ја споделуваа објавата на Биби за изгубениот прстен сé додека среќната вест не стигна до својата дестинација – Дејан и Моника, се разбира.
Еве како се одвиваше приказната:
Нешто подоцна, ова:
Се разбира, следуваше и благодарност:
Имаше и скептици, ама Моника и Дејан и нив ги демантираа: