Изгледа за нас нивото на Грујо и Зоки е единствено пожелно

Статус на Билјана Ванковска:

Гледам на јутјуб скорешно интервју на Мицотакис и почнуваат со неговите академски достигнувања: BA from Harvard, MA from Stanford, PhD from Harvard.

Дисертацијата добива највисока награда а темата е за популизмот и грчко-американските односи! Леле, кога ќе ми текне со кого ние одиме надвор!!!

Замислете го муабетот меѓу наш Зоки (или Оливер) со грчкиот премиер! Како бре да не’ гледаат сериозно со интелектуални мивки кои ни мајчин јазик не знаат добро? Ние сме изгледа шампиони да ги избереме за политички претставници оние со најниски достигнувања!

И кога ќе ви се појави еден Димитар Апасиев , вие сте во паника, не ви чинел, бил ваков или онаков! Изгледа за нас нивото на Грујо и Зоки е единствено пожелно!

- Реклама -