Роден со тешка церебрална парализа, Пол Смит треба да се потпира на други да го хранат, облекуваат и искапат. Неговиот говор е тешко разбирлив, дури и од оние кои го познаваат добро.
Движењата на рацете се толку конвулсивни што кога се обидува да игра шах, не успева да ја придвижи фигура, без да турка барем неколку соседни. И сепак Пол е ненадминат не само како шахист, туку и како творец – уметник кој што не може да држи во раката ниту молив ниту четка.
Човечката жед за самоизразување и побарувачката на разбирање од другите е исклучително моќен мотор за Пол, кој открива во почетокот на дваесеттиот век една од најмодерните комуникациски технологии на времето во кое живее – машина за пишување, за да го надомести недостатокот на умешност.
Како и сите деца со тешка попреченост, и Пол не одел на училиште, па соодветно останува неписмен, но за сметка на тоа наоѓа друг начин да ја користи машина за пишување – сликајќи слики со буквите и симболите.
Можете да ги видите уникатните слики, изработени на машина за пишување.
Да, токму така, не грешите … овие слики се направени само со помош на машина за пишување!
Погледнете го видеото за неговиот живот, на следниот ЛИНК.