Генералното собрание на Обединети нации усвои резолуција во која се наведува дека Русија мора да биде повикана на одговорност поради кршење на меѓународното право со инвазијата врз Украина, што вклучува и плаќање на отштета.
„За“ резолуцијата гласаа 94 држави, 14 беа „против“, а 73 беа „воздржани“.
Сите земји од Западен Балкан гласаа „за“ резолуцијата, со исклучок на Србија, која беше „воздржана“. Додека „против“ резолуцијата, помеѓу другите беа Белорусија, Кина, Иран, Сирија, Северна Кореја, Куба, Никарагва.
„Русија мора да сноси правни последици за сите свои меѓународно противправни дејствувања, вклучувајќи и надомест за штета, вклучувајќи каква било штета, предизвикана од таквите акции“, се наведува во резолуцијата.