Изгаси го светлото!

Најмалку 50% од мажите преферираат да имаат секс со изгаснати светла. Новото истражување покажа дека речиси  половина од мажите (47%) во целиот свет, сакаат да имаат секс во темнина.

Посилниот пол изненади во однос на ова прашање.  60% од учесниците во анкетата признале дека ги исклучуваат светлата пред почетокот на љубовната игра.

Кај Американците уште повеќе – 64%, а кај Швеѓаните процентот е 63. Шпанците пак имаат друго мислење – 56 отсто од нив изјавиле дека би сакале да „гледаат што прават”.

Истражувањето е направено од шведска компанија за производство на долна облека. Во него учествуваат по 175 мажи од Велика Британија, Шведска, САД, Шпанија, Германија, Италија, Франција, Холандија и Кина.

- Реклама -