Совет за мажите кои почнуваат да ја губат својата коса: Поедноставно би било едноставно да ја избричите главата. Мажите со избричена глава делуваат подоминантни, повисоки и посилни.
Неодамнешна студија, која опфатила три експерименти, покажала дека мажите кои ја бричат својата глава изгледаат подоминантни, повисоки и дури и посилни. Но, имиџот на зголемена мажественост има своја цена – намалена привлечност. Истражувањето било спроведено од Алберт Ман од Универзитетот од Пенсилванија кој, мора да се спомне, е проќелав.
Тој сакал да дознае дали мажите кои одбираат да ја избричат својата глава (споредено со мажите кои ја губат својата коса) имаат поинаков имиџ од мажите со коса. Со таа цел тој основал три експерименти.
Во првиот експеримент 60 доброволци анализирале серија фотографии од мажи на иста возраст со слична облека. Единствената разлика била на главата – некои мажи имале избричена глава, други имале коса. Учесниците требало да ја оценат секоја фотографија и да кажат што мислат за моќта и влијанието на секој субјетк. Мажите со избричени глави добиле највисоки оцени.
Во втората студија Ман на доброволците им дал четири фотографии од двајца мажи. еднаш со коса и еднаш без. Овој пат учесниците ги оцениле избричените мажи како подоминантни но и 2,5 сантиметри повисоки и 13 проценти посилни. Во третиот експериметн на доброволците им биле дадени вербални описи на мажи, и повторно мажите во чиј опис имало избричена глава добиле највисока оцена за мажественост, сила, доминантност и водачки потенцијал.
Ман има теорија дека иницијативата за доброволно причење на главата дава впечаток на храброст и доминантност. Во студијата бил донесен заклучок дека проќелавите мажи делуваат помалку мажествено од оние кои ја бричат главата. Ман верува дека мажите кои ја губат косата би можеле да го подобрат својот социјален статус со бричење на главата. Но, мажите со избричена глава исто така биле оценети како помалку атрактивни и постари. [Shorn scalps and perceptions of male dominance]