Избрани најдобрите земји за живеење во светот: Македонија 55-та

Ново истражување, ја прогласи Ирска  за најдобра земја за живеење во светот, притоа аргументирајќи дека истата најмногу допринела за човештвото и планетата.

Индексот „Добра земја“ ги   рангира земјите врз основа на 35 одделени фактори на Обединетите нации, Светската банка и други интернационални институции.

За да ја создадат оваа листа научниците се воделе според податоците за големината на економијата на одредена земја, а потоа го проценувале нејзиниот глобален придонес кон науката, технологијата, културата, меѓународниот мир и безбедност, просперитетот и еднаквоста, како и здравјето на луѓето, пренесува Daily Mail.

Од вкупно 125 држави,  Македонија се наоѓа на 55-то место, со средно добри позиции за придонес во науката и технологијата, додека најмногу заостанува во заштитата на планетата и климата.

Погледнете ги 10-те земји кои што ја предводат листата:

1. Ирска

2. Финска

3. Швајцарија

4. Холандија

5. Нов Зеланд

6. Шведска

7. Обединето Кралство

8. Норвешка

9. Данска

10. Белгија

- Реклама -