Избегнувајте ја храната која го контролира вашиот мозок

Повеќе... Дали ви се случува во моментите кога сте на строга диета одредена храна посебно да ве привлекува? Истражувањата покажаа дека тоа е така не затоа што имате слаба волја, туку затоа што сладоледот, хамбургерите и некои други слатки искушенија имаат моќ да го контролираат вашиот мозок.


messy-fast-food-hamburger.jpgДали ви се случува во моментите кога сте на строга диета одредена храна посебно да ве привлекува? Истражувањата покажаа дека тоа е така не затоа што имате слаба волја, туку затоа што сладоледот, хамбургерите и некои други слатки искушенија имаат моќ да го контролираат вашиот мозок.

Според овие истражувања нездравите масти кои ги има во хамбургерите, сладоледот и другите неодоливо слатки нешта брзо го наоѓаат патот до вашиот мозок каде го исклучуваат алармниот систем кој ви кажува кога доволно сте изеле. Како резулатат на тоа не се чувствувате заситени јадете сè повеќе и повеќе. Ефектот е толку моќен што чизбугерот изеден во петок може да биде одговорен за гладот кој ќе го почувствувате три дена подоцна.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Телото знае кога повеќе не му е потребна храна, но тоа не е случај и со мозокот. Иако телото испраќа сигнали дека сме сити, мозокот може да испрати порака да продолжиме со јадење. Според истражувањата направени во САД, палмитинската киселина, која е посебен вид на заситена маст, особено влијае врз овој механизам. Палмитинската киселина се наоѓа најмногу во путерот, сирењето, млекото и говедското месо.

Истражувањето кое доведе до вакви резулати е спроведено врз глувци и стаорци кои беа изложени на масти кои им беа вбризгувани во мозокот и картоидната артерија, со што беше откриено дека тие најмногу реагираат на палмитинската киселина. [How a hamburger on Friday can make you hungry on Monday]

- Реклама -