За малку избегната тепачка на тренинг на Баерн Минхен (видео)

Добро е што Емре Кан на еден од тренинзите на Баерн Минхен ги сочува нозете и нервите по крвничкиот старт врз него од страна на соиграчот Холгер Бадштубер, за да не дојде и до значително поголем инцидент по нивниот контакт.

Младиот Германец со турско потекло му се побуни на Бадштубер откако непотребно грубо стартуваше врз него, а дефанзивецот на Баварците веднаш подготвен и за физичка пресметка го фати за врат. Смирувачката улога ја презеде Франк Рибери кој Бадштубер го издвои од екипата која тренираше.

{youtube}ddG6peg3oco{/youtube}

- Реклама -