И Иванов со честитка за Илинден: Републиката е на народот, а не приватна сопственост

Меѓу бројните честитки по повод Денот на Републиката – Илинден, со своја порака се огласи и поранешниот претседател на државата – Ѓорге Иванов.

Иванов, кој до последен ден од мандатот одбиваше да го користи новото име на државата, во пораката на Фејсбук останува доследен на неговите и дотогаш јавно искажани ставови. Тој пишува:

„Републиката е на народот, бидејќи од него извира сувереноста и во него се слева сувереноста.

Република Македонија не е приватна сопственост та некој да тргува со неа, со нејзините атрибути и вредности.

Република Македонија не е личен имот та некој да ја распродава.

Република Македонија не е ничија земја, та секој да ја присвојува.

Република Македонија му припаѓа на народот кој ја создал.

Слободата не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано.

Честит Илинден.
Вечна Македонија“

- Реклама -