Мултимедијалниот проект „Дилбер стана“ на Ивана Кнез и Драма студио ќе го одбележи затворањето на Skopje Fashion Design Week 2013 во недела со почеток во 19 часот.
Овој проект вклучува видео запис, режиран од Билјана Радиноска, моден едиторијал, изложба и перформанс на сцената. „Инспирацијата за перформансот е црпена од нашата култура и традиција, чистината и модернизмот со нагласената симболика раскажуваат една субјективна приказна за нереализирано мајчинство” изјави дизајнерката Ивана Кнез.
Овој проект ќе ја претставува македонската мода на престижниот моден настан „Fashion Strikes”кој ќе се одржи во Абу Даби.
Дилбер Стана
Те сакам.
За тоа што сум, те сакам.
За тоа што ми даде, и ми зема, Те сакам
За тоа што ме направи
За сите мајки
За мојата мајка