Вевчанецот Иван Лотески кој по потекло е од охридската населба Варош го фати светиот крст за Водици во водите на Охридското Езеро.
Светиот крст и лани заврши во рацете на Лотески, а тој им посака среќа и здравје на сите.
– Не очекував и оваа година, многу сум изненаден. Имав среќна година, се надевам дека и оваа пак – рече Лотески.
Тој заедно со своите другари ја пееше Богојавленската песна, по што фаќачот на крстот оди по куќите во Охрид за да ја сподели радоста со домаќините.