Ив Роси со нови воздушни акробации (видео)

Ив РосиИв Роси, швајцарскиот авантурист кој веќе го прелета Ламанш со крила прицврстени на неговиот грб, во петокот направи нов подвиг. Користејќи подобрена верзија на неговата креација тој успеа да направи два лупинзи. Голема е веројатноста дека Ив Роси стана првиот човек кој успеал да направи лупинг без да користи било каков воздухоплов.

Ив Роси, швајцарскиот авантурист кој веќе го прелета Ламанш со крила прицврстени на неговиот грб, во петокот направи нов подвиг. Користејќи подобрена верзија на неговата креација тој успеа да направи два лупинзи. Голема е веројатноста дека Ив Роси стана првиот човек кој успеал да направи лупинг без да користи било каков воздухоплов.

Ив РосиРоси овој подвиг го направи додека го тестирал новиот модел на крила кој имаат подобрена аеродинамика. Тој скокнал од балон од висина од околу 2400 метри и за време на 18 минутниот лет успеал да направи два лупинзи пред да се спушти на земја со помош на падобран. Тој прво летал неколку минути за да се стабилизира и да го пронајде оптималниот агол за да го започне лупингот.

Роси, кој има 51 година, изјавил дека неговите нови крила, кои имаат распон од два метри, за разлика од оригиналните кои имаа распон од 2,4 метри, и немаат подвижни елементи се и поаеродинамични и постабилни. Тој ги дизајнирал крилата со помош на швајцарската компанија RUAG. „Ова беше фантастично“ изјавил Роси во коментарите на неговиот вебсајт , по летот кој бил направен над швајцарскиот кантон Во.

{youtube}p0E6Yh_mSx8{/youtube}

„Летот беше добар, и покрај мал проблем при стартувањето на моторите. Успеав да ги направам планираните два лупинзи и многу сум среќен“ додал Роси. Тој не се обидел да го направи планираниот прелет над балонот поради „технички и безбедносни причини“. Во септември 2008 година, Роси доби популарност кога стана првиот човек кој успешно го прелетал Ламанш само со крила. Растојанието од 35 километри Роси го помина за околу 10 минути. [Jetman – Yves Rossy]

- Реклама -