Сега кога знаеме дека луѓето може да не шпионираат на секој чекор, сакаме да дознаеме како да бидиме безбедни онлајн. iTwin Connect е едноставна мерка за чување на вашите податоци безбедни.
Уредот содржи две идентични половини поврзани на USB, што помага да се креира Виртуелна Приватна Мрежа ( VPN). Со цел да се постави безбедносна мрежа, приклучете го уредот во USB на компјутерот. Откачете една половина од уредот и поврзете го во компјутерот.
iTwin Connect исто така вклучува далечински десктоп и далечински пристап до датотеките, што значи дека може да пристапите до вашите канцелариски сервери од вашиот дом. Сите префрлени податоци се шифрирани со користење на Advanced Ancryption Standard (AES) 256, што обезбедува највисоко ниво на заштита.
Уредот работи секогаш кога двете половини ќе се спојат. Креиран е уникатен клучкој потоа генерира сесија клучеви што ги заштитува сите податоци префрлени од Интернет. iTwin Connect обезбедува опција – лозинка за два фактори за проверка, а само поседува хардверски клуч што бара далечински пристап.
Уредот е достапен за Windows одредено време, но Mac верзијата само што беше промовирана. Со оваа надградба корисниците на Mac може да го користат iTwin Connect. Да бидиме искрени VPN не гарантира дека властите нема да знаат што правите вие на интернет онлајн, но она што го прави е што создава безбедносна мрежа помеѓу два компјутери кога ќе одлучите да работите од дома, или да ја користите кредитната картичка онлајн на недоверлива мрежа. Погледнете го видеото.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk