Италијанци измислија алгоритам за пресметување на ризикот од лизгање на земјиштето и поплави

Италијански научници развиja нов алгоритам за ризиците од лизгање на земјиштето и поплави. Статијата на весникот е илустрирана со слика од катастрофата во населбата “Аспарухов” во Варна, Бугарија.

Новиот алгоритам е дело на италијанскиот Институт за истражување на врнежите и италијанскиот Институт за проучување на климата и атмосферата. Новиот систем  се заснова на количеството на вода  во почвата, игнорирано од сателитите. Преку овој систем може да се направи проценка за ризиците од лизгање на земјиштето и поплави дури во зони, во кои нема системи за копнени мерења.

Алгоритмот се нарекува SM2Rain, појаснува Лука Брок од Институтот за истражување на врнежите.

„Ние развивме иновативна техника за проценка на врнежите преку сателитски сензори кој што користат мерења на содржината на вода, собрана  во почвата, а исто така и како што се прави во традиционалните методологии, податоци поврзани со облаците “, изјави Лука Брока.

Прочитајте и:  ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали

Тој го опишува новиот метод како анализа „од дното до врвот “, а не „одозгора-надолу “.

„Преку сателитските мерења и / или  варијациите на количеството на вода притворено во почвата, можно е да се пресмета колку дожд паднал врз самата почва, што се смета за еден вид на природен дождомер “, додаде Брока.

 

Овој пристап бил веќе применет во области во Средоземното Море, Австралија, Индија, Кина, Јужна Африка и делови на САД и дал резултати, кои се поточни во споредба со традиционалните техники и кои имаат важно значење за предвидување на екстремни хидролошки настани како што се лизгања на земјиштето.

- Реклама -