Лоренцо Грифантини живеел во Лондон 10 години. Вели дека токму оваа дистанца од родната италијанска култура му овозможува да ја гледа објективно, следејќи ги нејзините скриени финеси преку објективот на неговата камера.
Брегот на Италија, како што го прикажува Грифантини, е жив, полн со лежерни сончачи и светли чадори. Атмосферата е тотално опуштена: жена чита книга закопана во песокот до вратот, друга користи гума за пливање како перница и очила за сонце во едно, а во позадината млад Италијанец на точак мафта со свежо уловена риба.
Изразената боја во фотографиите на Грифантини не е случајна. Тој објаснува: „Во Италијанскиот јазик имаме околу 40 различни називи за да ги опишеме сите нијанси на сината“.
Италијанското лето (што е впрочем и називот на фото-серијата) е топло и привлечно. Бавно, но живо. Разговорите во плитките бранови, влакнестите стомаци и брчките, депилираните мускули или исончаните деца – сé е тоа една околина без хиерархија, простор на бавноста, мирот и мрзеливата слобода. А ако наоѓате сличности, тоа е затоа што и ние важиме за Јужњаци, за деца на Медитеранот.