Италијанскиот парламент „се поткастри“ за 345 пратеници

Италијанскиот парламент денеска ја усвои одлуката за намалување на бројот на пратеници по иницијатива на Движењето Пет ѕвезди. Со тоа, бројот на пратеници се намали за повеќе од една третина.

Со реформата, која беше поддржана од сите главни партии, бројот на пратенички места во долниот дом ќе се намали од 630 на 400, додека бројот на пратеници во горниот дом на Сенатот ќе се намали од 315 на 200. Или земено вкупно, од 945 пратеници, нивниот број се намалува за 345, на 600.

Со ваквото намалување на бројот на пратеници, кое би стапило во сила од следните избори во 2023 година, ќе се добие поефикасен пармалент, но и земјата би заштедила стотици милиони евра, велат од Движењето Пет ѕвезди. Поконкретно, проценуваат дека во следната декада Италија ќе заштеди околу 1 милијарда евра.

Противниците, пак, велат дека реалната заштеда би била половина од таа сума, но главниот проблем сепак го гледаат во проретчувањето на бројот на пратеници, со што, според нив, парламентот ќе биде поподложен на лобистите (колку помалку пратеници, толку полесно е да излобираш), со што се ослабува демократијата. Опозицијата најави и дека ќе собира потписи за национален референдум.

Со вкупно 630 пратеници, италијанскиот парламент е втор по бројот на членови во Европа, зад британскиот, кој има 1.425.

- Реклама -