„Не треба да се откажуваме од летните одмори, туку напротив, треба да ги искористиме за борба против КОВИД-19“, тврди реномираниот италијански експерт за инфектологија и универзитетски професор Џулио Таро во интервју за италијанскиот The Post Internazionalе.
82-годишниот Таро е поранешен главен доктор на неаполската болница Котуњо – специјализирана за инфективни болести, а е почесен докторант и на повеќе американски универзитети. Тој е убеден дека Италија мора да ги искористи своите opyжја – морето и сонцето, за самата да си помогне во борбата против коронавирусот.
„Наместо да седиме дома и да се разболуваме, пренесувајќи ја инфекцијата во семејството, треба да го искористиме морето како терапија“, вели Таро.
„За да се шири, на вирусот му се потребни затворени простори, слаба вентилација или климатизација, ниски температури и влажност. Морето и плажата се баш спротивното од таквата микроклима“, објаснува тој.
Ставовите на Таро, за волја на вистината, се спротивни од оние на другите италијански виролози, но тој е убеден дека морето и сонцето мора веднаш да бидат активирани како opyжје против коронавирусот, уште пред да биде готова вaкцината против Ковид-19.
„Ние, академиците, сите сме во исчекување на оваа вaкцина. Сепак, мора да си поставиме едно друго прашање – што е вaкцина? Тоа е едно антитело. А ние веќе имаме природно создадена вакцина во антителата на оние кои не се заpaзиле со вирусот и на оние кои се заpaзиле, но се излечиле. Треба да ја користиме плазмата на оздравените. Инфузијата од 200 милилитри плазма е огромна помош за секој пациент. Се вика плазмафереза и не го измислив јас тоа“, вели професорот.
Според него, ова е првиот чекор – оние што оздравеле да станат донатори на антитела, а не да се третираат како распространители на заpaза. Впрочем, овој метод веќе се користи, експериментално, во болниците во Павија, Мантуа и Салерно.
„Вирусот може да се контролира со вообичаените хигиенски мерки и со распространување на антитела – размерот на заpaзата ќе се намали при промената на климата како резултат на доаѓањето на летната сезона, вклучително и на Северот на Италија. Климатскиот фактор несомнено игра многу голема улога во ширењето на оваа епидемија. Како да го игнорираме фактот дека бројот на заpaзени драстично се намалува на југ? Морето и сонцето заштитија дел од Италија од инфeкција. Но не само кај нас, туку и во странство. Африка, засега, е речиси незасегната“, тврди Џулио Таро.