Италијанската полиција си има нова кола – Lamborghini Huracan (300 км/ч)

Може не се Дубаи, ама се вторите „најбрзи и најбесни“. А од вчера имаат и ново Lamborghini Huracan. За разлика од бесните автомобили кои на Дубаи му се повеќе за украс, ова ќе брка и криминалци.

Се работи за специјално модифициран модел – Huracаn Polizia, наменет за полициски потери со големи брзини, ама и автомобил кој ќе пренесува крв и органи за пресадување до болниците кои имаат потреба од тоа во итни ситуации на живот или смрт.

Освен вообичаените полициски додатоци, и дефибрилаторот и специјалната опрема за ладење и транспортирање на органи, новиот полициски Huracаn во многу наликува на моделите кои Lamborghini им ги продава на богатите клиенти. Има агрегат V10, и 610 коњски сили. Максималната брзина му е 300 км/ч, а развива од 0 до 100 км/ч за 3.2 секунди.

Прочитајте и:  Кривична пријава против тројца полицајци, пуштиле осуденик на слобода наспроти наредбата на судот

Овој Huracan е вториот што го поседува италијанската полиција. Првиот го добија во 2015-та година, а изминатите години, во нешто што ете, се претвори во традиција, од Lamborghini добија и неколку Gallardo-а.

Полициските патроли во Италија активно учествуваат во медицинската помош. Во 2016-та одговорила на 176 повици од цела Италија, во кои вкупно биле вклучени 462 патролни возила. 120 патроли обезбедиле помош во специјални медицински услови, биле пренесени 111 органи и 74 пати крв, 117 пати биле пренесувани серуми/вакцини/лекови, а 40 тимови биле ангажирани за други слични намени.

 

- Реклама -