Италијанска гимнастичарка со медал на „Зајди, зајди“ (ВИДЕО)

Дека македонските изворни песни едноставно пленат бидејќи се полни со емоција, доказ е и 18-годишната италијанска гимнастичарка со романско потекло – Александра Аџурџукулезе. Токму со една од нив, „Зајди, зајди“, таа лани настапи на Светското првенство во ритмичка гимнастика во Софија и освои бронзен медал, но уште поважно, срцата на публиката ширум светот. Како што може да се прочита од коментарите, нејзиниот настап го привлекол вниманието и на оние што обично не следат ваков спорт.

Ритмичката гимнастика, патем, е спорт кој комбинира елементи од балет, гимнастика, танц и ракување со предмет, како јаже, обрач, топка, лента и слично. И ете, „Зајди, зајди“ да ти одела во комбинација со сето ова. Погледнете:

виа Офф.нет

- Реклама -