Италија одбила да учествува во нападите врз воени цели на Хутите во Јемен

Италија одби да учествува во американските и британските напади врз воените цели на јеменските бунтовници Хути во Јемен, изјави денеска неименуван извор од италијанската влада за Ројтерс, пренесува весникот Индепендент. Изворот истакнал дека Италија претпочита да води мировна политика во регионот на Црвеното Море.

Изворот потсетил дека италијанската влада мора да добие парламентарна поддршка за војската да учествува во каква било акција, со што брзото одобрување е невозможно.

САД и Велика Британија погодија повеќе воени цели на Хутите во Јемен од воздух и од море, додека Холандија, Австралија, Канада и Бахреин обезбедија логистичка и разузнавачка поддршка.

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето претходно оваа недела изјави дека нападите на Хутите мора да бидат запрени без да се предизвика нова војна во регионот.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху
- Реклама -