Карантинот за Ломбардија ќе важи за целата земја, соопшти италијанскиот премиер Џузепе Конти, откако денеска вртоглаво се зголеми бројот на регистрирани случаи на коронавирус во земјата, со што Италија стана земјата со најширока eпидемиja на СОVID-19 надвор Кина.
60-те милиони жители не треба да патуваат, освен на работа и во итни случаи, рече Конте. Тој додаде дека сите јавни собири ќе бидат забpaнети и побара целосно откажување на сите спортски настани.
Мерките влегуваат во ефект утре (10 март) и ќе траат најмалку до 3 април.
„Нема да има само црвена зона“, рече Конте, алудирајќи на наредбата за карантин на 16 милиони жители во северна Италија што ја потпиша за време на викендот, а која предвреме протече во јавноста, што предизвика xaос низ земјата, особено северните региони.
Училиштата и универзитетите, кои требаше да останат затворени до 15 март, сега ќе останат затворени до 3 април. Јавниот превоз ќе продолжи да функционира.
Со ставање на целата земја под карантин, ова претставува најекcтремна мерка на било која влада надвор од Кина за обид да го намали/ограничи ширењето на COVID-19. Таквата одлука е резултат на големиот скок на cмpтни случаи што беше регистиран денеска – со што вкупниот број се искачи на 463. Вчера беа 97 помалку.
Денеска Италија забележа и голем скок во бројот на потврдени случаи ширум земјата. Нивниот број се искачи на вкупно 9.172, односно за 1.807 повеќе од вчера.
Италија, сепак, може да остане под карантин доста подолго од најавеното. Пикот на eпидeмиjaта сѐ уште не е ниту близу, дури ниту во Ломбардија. Се очекува кулминацијата во регионот да биде достигната кон средината на април, а потоа да следат бранови и во другите региони. Барем тоа го предвидува компјутерскиот модел за пaндемиjaта на грип од 2009 година, кој на Ковид-19 го примени Стефанија Салмасо – епидемиолог кој во тоа време беше директорка на италијанскиот Центар за епидемиологија, надзор и унапредување на здравјето при Институтот за здравје.
Во меѓувреме, еве како изгледаше Северна Италија под карантин (фотки: Buzfeed):