ИСВ: Ударите врз мостовите на Крим создаваат услови за контраофанзива на украинските сили

Ракетните удари по мостовите што го поврзуваат од Русија анексираниот Крим со копнениот дел на Украина е дел од кампањата на украинската армија со цел создавање услови за идни контранапади, сметаат експерти од американскиот Институт за проучување на војната (ИСВ).

Ударите беа нанесени вчера, автомобилските мостови Чонхарски и Хенически се клучни за снабдување на руската војска. Руските сили сега од многу пократките источни маршрути ќе мораат да го пренасочат патниот сообраќај на подолгите западни. Тоа може да создаде застој во логистиката, велат од ИСВ.

Руски извори цитирани од Институтот тврдат дека за ударите врз мостовите украинската војска користела крилести ракети Storm Shadow снабдени од Велика Британија и Франција. ИСВ засега не доби потврда дали тие ракети можеле да бидат пресретнати од руските орудија за противвоздушна одбрана.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

Не се знае колку време ќе им треба на Русите да го поправат Чонгарски мост, вклучително и железничкиот дел по кој украинските сили нанесоа удари на 29 јули. Поправката на мостот над Хенически теснец највероатно ќе трае многу подолго, сметаат од ИСВ.

Институтот анализира дека Украинците се обидуваат систематски да ја отсечат руската војска на југот од Украина и да ја нарушат нејзината логистика, исто како што тоа го направија за време на офанзивата во Херсон.

МИА

- Реклама -