ИСВ: Руската армија во ноември зазела површина колку Сингапур – најголем напредок од почетокот на војната во Украина

Руската армија во ноември напредуваше 725 квадратни километри, што е најголемо напредување во еден месец од март 2022 година, се наведува во анализата на американскиот Институт за проучување на војната (Institute for the Study of War).

ИСВ наведува дека руските сили минатиот месец зазеле 610 квадратни километри повеќе од октомври, а заземената површина е колку Сингапур.

Во Доњецк руските сили во ноември оствариле 90 отсто напредок. Украинската армија сега контролира помалку од една третина од регионот.

Руската армија изминатите недели зазеде голем број населби јужни и источно од Покровск и се доближи на помалку од пет километри од градот.

Во анализата на ИСВ се посочува дека од крајот на пролетта руските сили забрзано напредуваат и до сега зазеле над 3.500 квадратни километри, што е за шестпати повеќе од цела 2023 година. Последен пат кога руската армија остварила толкав напредок за краток период беше март 2022 година (45.426 квадратни километри), кога стигна до Киев.

Прочитајте и:  Прекинато снабдувањето на Чешка со руска нафта преку нафтоводот „Дружба“

Од почетокот на војната на 24 февруари 2022 година до 30 ноември 2024 година, Русија окупираше 68.050 квадратни километри украинска територија. Со Крим, анектиран во 2014 година, и делови од Донбас контролирани од проруските сепаратисти пред руската офанзива, Москва сега контролира 18,4 отсто од територијата на Украина.

Податоците на ИСВ се засновани на јавни информации објавени од двете завојувани страни и анализа на сателитски снимки.

- Реклама -