Карен Л. Кинг, историчар на рано Христијанство од Harvard Divinity School, тврди дека мало парче избледен папирус од четвртиот век содржи фраза која претходно не е сретната во ниту еден текст: „Исус им рече нив, ,Мојата жена…’“.
Кинг тврди дека текстот напишан на архаичниот коптски јазик, египетски јазик кој ја користи грчката азбука, е автентичен документ, и дека е тешко веројатно дека се работи за фалсификат. Дали сè што луѓето претпоставуваат за Исус е погрешно?
Таа го претстави артефактот во Рим на меѓународна конференција на коптски експерти. Сопственикот на папирусот побарал да остане анонримен, но им дозволува на Кинг и другите историчари и лингвисти да го проучуваат. Непознатиот колектор тврди дека го добил како дел од колекција папируси купена во 1997 година од колектор од Германија.
Фразата ќе биде особено интересна за теолозите и верниците бидејќи таа налага дека Исус имал и женски ученици – идеја која Католичката и Православната Црква упорно ја одбиваат и ја користат како изговор за немање жени свештеници. Дополнително, ако Исус имал сопруга ќе се наруши идејата дека свештениците не можат да се венчаат.
Документот ќе ги обнови дискусиите за врската помеѓу Исус и Марија Магдалена и прашањето дали тие биле во брак. Но само затоа што се работи за папирус од четвртиот век, тоа не значи дека тој содржи факти. Луѓето отсекогаш измислувале приказни за да оправдаат некоја своја идеја. [A faded piece of papyrus refers to Jesus’ wife]