Иако реконструкцијата на фосилите или сликовната претстава понекогаш е тешко да предизвикаат некаква емоција, невозможно е да се игнорира искуството кога ќе видите фотографија на некое животно чиј вид е истребен. Еве неколку единствени докази за постоењето на неколку убави
животни кои за среќа биле фотографирани додека сé уште не биле истребени.
Иако реконструкцијата на фосилите или сликовната претстава понекогаш е
тешко да предизвикаат некаква емоција, невозможно е да се игнорира
искуството кога ќе видите фотографија на некое животно чиј вид е
истребен. Еве неколку единствени докази за постоењето на неколку убави
животни кои за среќа биле фотографирани додека сé уште не биле
истребени.
Последниот примерок од еден од најголемите месојадни торбари (го носеле своите потомци во торба) умрел од недостаток од грижа во Hobart зоолошката во Тасманија, Австралија. Најголемата причина за истребувањето на овој најблизок роднина на Тасманискиот ѓавол била масовното ловење предводено од Тасманиската влада од 1888 до 1909, со оправдување дека е закана за овците и кокошките.
Квагата е уникатен вид на зебра со пруги само на предниот дел од телото, со боја која од светло кафеава преминува во бела на екстремитетите. Оваа уникатна шара ја направило Квагата цел на ловците и веројатно последниот примерок бил убиен во 1870-тата. Ова е единствена фотографија на овој вид направена во лондонската зоолошка во 1870.
Пиринејскиот козорог има најинтересна приказна поради фактот што е еден од првите истребени видови кои беа вратени во егзистенција со помош на клонирање, за пак да стане истребен вид само после седум минути откако беше роден клонираниот примерок. Ова предизвика големи дебати дали на истребените животни треба да им се даде втора шанса. Последниот природно роден пиринејски козорог умре од природна смрт на 6 јануари 2000-та.
Овој истребен вид на антилопа било домашно животно на античките Египќани за кои била извор на храна и дел од жртвените обреди. Ова животно е спомнато и во Стариот Завет. Иако еднаш слободно живеело во Јужна Африка и Средниот Исток, митологијата со длабоки корени поврзана со ова необично животно не ги спречило европските ловци да го ловат за рекреација и заради неговото месо. Последниот женски примерок умрел во Париската зоолошка во 1923.