Истражување: Децата со имигрантско потекло се полоши во училиште

Речиси секое второ дете од имигрантско потекло постигнува полоши резултати во училиште од неговите соученици, покажува студијата спроведена во 72 земји.

Уделот на деца што тешко ја совладуваат материјата – меѓу децата со имигрантско потекло, е 43%, т.е. речиси 2 и пол пати поголем отколку кај останатите деца.

Студијата, спроведена од OECD, исто така покажува и дека овие деца почесто покажуваат знаци на тешкотии поврзани со училиштето, или се чувствуваат како да не припаѓаат во тоа училиште.

Истражувањето, кофинансирано од ЕУ, а претставено во Брисел, покажува и дека учениците со странско потекло се помалку задоволни од својот вкупен живот во споредба со нивните соученици со „неимигрантски корени“.

Студијата е спроведена над повеќе од 500.000 15-годишници од 72 земји. Секој четврти имал барем еден родител роден во странство.

- Реклама -