Овој пат нема да зборуваме за болните детали за разубавување кои современата хирургија им го пружи на женскиот пол, туку за тоа колку далеку оделе мажите за да бидат попривлечни. Од радиоактивна депилација и поцрнување на забите, до веѓи од влакна од глувци и оловни чешли.
Овој пат нема да зборуваме за болните детали за разубавување кои современата хирургија им го пружи на женскиот пол, туку за тоа колку далеку оделе мажите за да бидат попривлечни. Од радиоактивна депилација и поцрнување на забите, до веѓи од влакна од глувци и оловни чешли.
Црни заби
Во елизабетанскиот период во Англија било во тренд да се имаат расипани заби. Она што подоцна станало злато, во 16 и 17 век бил кариесот – знак за богатство и статус. Да се има расипани заби значело дека имате пари за слатки и ѓубре што се јаде, луксуз кој можел да си го дозволи само аристократијата. Проблемот е во тоа што за добро наталожен кариес сепак треба да се почека. Тука стапува на сцена мешавина од пепел, алуминиум, мед и уште неколку отровни состојки со кои луѓето ги мачкале забите и создавале инстант ефект на декаденција.
Високи потпетици
Благородната традиција во ренесансата која машкото стопало го поставила на висина од седум, осум сантиметри денес е преживена само кај популацијата трансвестити која не ја заборавила магијата на напнатите машки потколеници и штикли кои се тотално мултифункционални.
Радиоактивна депилација
Северноамериканските салони за убавина на почетокот на минатиот век биле преполни со радиоактивни атракции. Една од нив била и депилацијата со рендгенски зраци. Но додека се чекало нуклеарен сноп да ги убие вишокот фоликули на градите, можело да се мачка со радиоактивни креми за лице за повеќеатомен тен или пасти за белење заби за радиоактивна насмевка. Дури и чоколадите биле прелиени со радиум, а во 1953 година се појавил и првиот радиоактивен гел.
Глувчји веѓи
Пред 200 години на сите им било филм да изгледаат изненадено. Бидејќи природните веѓи не стојат подигнати, мажите, а и жените, ги бричеле и на нивно место поставувале закривени лажни веѓи од влакна од глувци. Лепилото било на база на риба, па не само што 24 часа на ден биле зачудени, туку и чудно мирисале.
Перики
Благородниците и богаташите во 17 и 18 век потрошиле тони пари за да изгледаат како во 80-тите, но се родиле малку прерано, па тука започнало колективното самоубиство. Генијалнато нешто кај периките е што не се переле, ја сокривале ќелавоста и совршено се вклопувале во естетското и хигиенското мрзоволие на машкиот род: минимум сапун, максимум парфем.
Покажување на гениталиите
Во средновековна Англија статусот се покажувал со голите гениталии прекриени со ултра мини туники. Доколку „опремата“ била пректратка, недостатокот се надокнадувал со пришивок со боја на кожа. Во 1842 година кралот Едвард VI донел закон со кој им се забранува на личностите со ранг понизок од лорд да ги покажуваат своите гениталии во јавност, па мнозинството од популацијата морало да измисли вреќичка која го покрива половиот орган. Нешто подоцна вреќичките станале последен моден крик и доаѓале во бизарни големини.
Бел пигмент
Уште една естетска небулоза доаѓа под знакот на оловото. Денес се печеме на сонце со желба за потемен тен, а типичниот елизабетанец би ја продал душата за да изгледа барем малку поблед. Белината значела дека сте ослободени од работата, па така имотното друшптво се мачкало со вештачки бел пигмент на оловна база. Истата супстанаца која рускиот историчар Плиниј ја навел како средство за боење бродови.
Оловен чешел
Иако биле далеку понапредни на полето на медицината и одржување на телото од средновековните и нововековните потомци, старите Римјани сепак застраниле во неколку наврати. Да речеме, со чешлањето со олово. Иако биле свесни за токсичноста на природните елементи, античките мажи седите влакна не ретко ги боеле со мешавина од пепел, мртви црви и чешел од олово потопен во оцет.
Солиманова вода
Средството за отстранување брадавици и пеги од кујната во 19 век се нарекувала Солиманова вода. Била прилично ефикасна. Со неа, освен брадавиците и пегите се горел и голем дел од кожата. Течноста на база на жива после неколку третмани ве претворала во тотално испеглан манекен на кого, ете, малку му изгорела кожата, па семејството имало навика и да не го препознае. Ако веќе сте станале зомби, барем би биле зомби без брадавици. И тоа е нешто. Била забележана и блага нуспојава – на корисниците експресно да му попаднат забите.
Биди валкано секси
Секој подобар хомо универзалис од 16 век, освен што ги проектирал првите падобрани и бил фасциниран со овоземната страна на нештата, не милувал баш да се бања. Бидејќи се сметало дека бањањето предизвикува лоши билести, телесната нечистотија и смрдеата биле симптоми дека сте на вистински пат да ја доживеете стотата. Идејата веројатно потекнува од средновековниот аскетски морализам кој на помислата на римските бањи доживувал во главата секакви перверзии. Се разбора, со наслаги од пот од предминатата година тешко дека некому ќе му предизвикате валкани мисли.