Историски момент: Ријана, Наоми Кембел и Иман на заедничка фотографија!

Ријана, Наоми Кембел и Иман снимиле заедничка фотосесија за светскиот моден бренд Balmain.

Трите грации се претставнички на различни децении, што го прави проектот  уште повеќе интригантен.

59-годишната Иман ја започнува ѕвездената кариера во далечната 1975 година со фотосесија за Vogue. 44-годишната „Црна Пантерка” Наоми Кембел пак се движи по пистата веќе 15 години, таа стана и првата црна жена која што се појави на насловната страница на списанието Тime.

За своите 26-години Ријана ги допре најголемите врвови во музиката. Рири е носител на десетици награди, а речиси секоја песна  веднаш станува хит.

На фотографиите трите дами позираат со облека од есенската колекција на Balmain. Фотосесијата е специјално создадена за W Magazine.

- Реклама -