Истражување: Кој алкохолен пијалок најмногу го пијат Македонците?

Според резултатите од истражувањето на Светската здравствена организација, во Македонија алхохолот се пие умерено.

Од државите на Балканот, најмногу алкохол консумираат Србите кои просечно пијат 12,5 литри, втори се Хрватите. Следуваат Босанците, Албанците и Македонците.

Консумирањето алкохол варира од држава во држава во целиот свет. Според извештајот на Светската здравствена организација, Русите и нивните соседи пијат повеќе од скоро сите други земји во светот.

Португалија, Гренада, и Андора се исто така рангирани во највисоката категорија на повеќе од 12,5 литри по лице на возраст над 15 години во 2010 година.

Истражувањето на организацијата покажува дека алкохолот е главен виновник за смртта на 2,5 милиони луѓе во светот годишно, што значи дека одзема повеќе животи од СИДА – та и туберкулозата.

- Реклама -