Исполнете го домот со убава енергија: Каде и како да запалите свеќи

Свеќите се сметаат за еден од најмоќните Фенг Шуи „лекови“. Осветлувањето од свеќите ја покрева енергијата во било кој простор. Запалете неколку свеќи и топлината и позитивната енергија ќе уследат сами од себе. Еве неколку совети околу тоа какви свеќи треба да користите, и најважно, каде да ги поставите.

Црвени свеќи – за посилна љубов
Свеќите се многу корисни кога сакате да истакнете нешто како важно и посебно. Ако веќе некое време се чувствувате запоставени од партнерот, на пример, ставете девет црвени свеќи во дневната, и тоа на средина во делот најодалечен од влезот. Овие свеќи палете ги во доцните попладневни часови.

Свеќа во каминот – за повеќе ентузијазам
Ако имате камин кој ретко или никогаш не го палите, тоа може да е причина за недостатокот од ентузијазам во вашиот живот. Со поставување на свеќи во отворот на каминот, на место на ложиштето, можеби ќе откриете нова и поведра смисла на постоењето. Свеќите на тоа место палете ги барем еднаш неделно. Одберете боја која одговара на каминот и просторот. Така, ако каминот се наоѓа на влезниот ѕид, изберете сина свеќа. Каминот кој се наоѓа во левиот дел на станот е погоден за зелени свеќи. Ако се наоѓа во десниот дел на домот, одберете бели свеќи, а ако е на спротивниот ѕид од влезот, запалете црвени.

Зелени свеќи – за будење на енергијата
Ако некоја од просториите ви делува постудена и подепресивна, веројатно има премногу Јин енергија. Потребно е што побрзо да ја потикнете Јанг енергијата, а првиот чекор е да поставите три групирани зелени свеќи веднаш до влезот. Ако ви се допаѓаат миризливите свеќи, изберете лаванда или бергамот.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Девет црвени свеќи – за добар баланс во домот
Ако имате обичај да преземете на себе повеќе отколку што можете да сносите, имате премногу дрвени елементи во домот. Добар начин да се пронајде потребната рамнотежа помеѓу тоа „да мислите дека можете“ и „да можете“ е да се послужите со свеќи. Поставете девет црвени во средишната област на левиот дел домот. Овие свеќи палете ги во текот на претпладнињата, или секое утро.

Сини свеќи – за креативност и подобра инспирација
Кога животот ќе стане досаден и рутински, ви треба инспирација. Поставете осум сини свеќи во левиот агол на просторијата во која поминувате најмногу време. Палете ги на секој ден, по можност во вечерните часови. Аромата на лимон или рузмарин е бонус.

Жолти свеќи – за подобро здравје
Ако патите од слаба циркулација, артритис, замор на очите или сува кожа, свеќите по Фенг Шуи начелата можат да помогнат. Поставете пет жолти на кујнската маса и запалете ги еднаш дневно. Најдобри се свеќите со квадратен пресек.

НАПОМЕНА: Заради сигурност, секогаш користете свеќници, внимавајте на пламенот, оддалечете ги свеќите од завесите. Потрудете се да користите што е можно поприродни свеќи, без парафин, со природни бои и мириси.

- Реклама -